Платформа за претставување на вашите кредитни барања
Нашата платформа за претставување на вашите кредитни барања пред банки и финансиски институции претставува одлично решение за компании кои се соочуваат со потреба за финансиска поддршка и ликвидност во краток временски период.
Што е тоа што ја прави нашата платформа подобра од класичниот начин на аплицирање за кредит?
- Тим од искусни финансиски аналитичари кои одлично ги познаваат клучните детерминанти во процесот на одобрување на кредити за правни лица;
- Брза обработка на барањата. Автоматизираниот процес преку кој ги добиваме финансиските извештаи за сите компании на територијата на Р. Македонија овозможува изработка на брза финансиска анализа и ефикасно проследување на обработеното кредитно барање до банките и финансиските институции.
- Кредитирање под најдобри услови на пазарот. Фактот што Вашето кредитно барање се става на увид на голем број на банки и финансиски институции, овозможува да добиете повеќе понуди и да бидете во позиција да ја одберете најдобрата помеѓу нив.